Оваа девојка не ја миела косата цели 6 години!? Погледнете го резултатот …

popara6 април, 20151min00
2 copy
Дали некогаш сте се запрашале што би се случило кога би престанале да користите шампон за коса? Храбрата Сара Дебум не ја измила својата коса со шампон шест години! Таа вели дека нејзината коса е поубава од било кога.

Кога Сара била на тринеделен одмор на Тајланд одлучила да заборави на шампонот.

„Мојата коса никогаш не била помасна. Имав и првут и ужасно беше! Ми беше многу срам. Чешањето беше речиси неподносливо. Неколку пати речиси прекинав со мојата мисија. Чувствував како да ми гори скалпот“, раскажала Сара.


Кога се вратила од одмор носела шамии преку глава, но косата ја миела исклучиво со вода. Дури и нејзиното момче се разочарало, одбивало да ѝ ја допре косата.

После шест недели, конечно, првутот се повлекол и косата се вратила во нормала. Сара нагласува дека кај други луѓе тоа обично се случува после три недели, но кај неа било поинаку затоа што својата коса ја миела секојдневно. После 12 недели се случило чудо.


„Не правев ништо поразлично од моментот кога престанав да користам шампон, но мојата коса едноставно престана да се масти. Беше брановидна, свиленкаста и сјајна. Конечно видов како изгледа мојата коса кога не ја тероризирам со секакви препарати“, изјавила Сара.


Поминале повеќе од шест години, а Сара и понатаму не употребува шампон или некое друго средство за коса. Таа вели дека наидува и на позитивни и на негативни коментари, но не се откажува од својата идеја.

Сара признава дека никогаш не се чувствувала подобро и дека заштедила многу пари од различни препарати за коса.