Колку пати ви се случило да огладнете во глуво време од ноќта иако многу пати сте прочитале дека после 19 часот не е добро да се јаде? Паѓате во искушение да направите сендвич или да земете некои грицки, но здравиот начин на живот и грижата за килажата ве спречуваат во тоа, па на крајот си одите на спиење гладни. Сето тоа не мора да биде така! Постојат намирници што ќе ве заситат, а нема да и се заканат на вашата вита става и нема да ви го расипат сонот.
Каша од овес
Докажано е дека јаглените хидрати ослободуваат серотонин кој го смирува мозокот. Порција каша од овес со млеко е најдобар избор пред спиење.
Сок од цреши
Едно истражување од 2011 година покажало дека две чаши сок од цреши дневно (наутро и навечер) го зголемуваат нивото на мелатонин кој го подобрува квалитетот на спиењето.
Топло млеко
Една чаша млеко е стар рецепт за подобар сон. Освен што содржи аминокиселина триптофан која ја поврзуваме со спиењето, делувањето на овој напиток е повеќе психолошко.
Јаткасти плодови
Овие плодови се полни со магнезиум кој има смирувачко дејство врз мозокот и го подобрува квалитетот на сонот. Бадемите, оревите и кикириките се само некои од плодовите што морате секогаш да ги имате дома. Важно е да не претерувате со нив.
Нискокалорично сирење
Кога станува збор за сонот, калциумот има многу слично дејство како и магнезиумот. Стручњаците препорачуваат околу 50 грама сирење на ден што можете да го јадете со крекери.