Оваа поза во сексот им е омилена и на мажите и на жените

popara25 ноември, 20151min00
3
Во суштина, има многу работи кои мажите и жените ги доживуваат со различен ентузијазам. Исто е и кога станува збор за сексот. И кога исто мислат за нешто, причините за тоа обично се целосно различни.

Мисионерска поза

Тој: „Тоа е толку здодевно. Нема никакво возбудување. Како да сме се договориле да ја направиме најздодевната работа вечерва. Мислам дека на ниеден маж мисионерската поза повеќе не му претставува забава“, вели Чарли (26).

Таа: „Кој уште не ја сака мисионерската поза?! Можеш да го зграпчиш за задникот, го имаш целото негово тело, притоа добро се забавуваш и уживаш додека е во тебе, ги стегаш мускулите за и неговото задоволство да биде поголемо. Јас сум фан!“, признава Џен (37).

Доги стајл

Тој: „Мојата омилена поза! Тоа е вид на секс на кој луѓето со задоволство се сеќаваат. Тоа е таа поза после која еден на друг си даваме „петка“ – мисијата е успешно завршена!“, вели Стивен (26).

Таа: „Поза со пет ѕвездички! Човечкото тело е совршено создадено за овој вид на секс. Особено е добра за секс набрзина, и тоа на полујавни места. Дозволува и малку плескање по задникот и скубење за косата (што не треба да боли, освен ако не го сакате тоа)“, вели Ешли (25).

Жената горе

Тој: „Оваа поза е супер, бидејќи ми дава простор да се одморам. Но, и тоа може да биде тешко, ако таа е професионалец“, вели Томи (25).

Таа: „Како девојка која сака контрола, оваа поза за мене е идеална. Сè е во мои раце – брзината, длабочината и аголот на пенетрација. Секогаш можам да се погрижам за себе – доживувам оргазам без исклучок“, признава Хелена (27).

Лажица

Тој: „Оваа поза е идеална за наутро. Убав, нежен и релаксирачки начин да го започнете денот“, вели Колин (26).

Таа: „Оваа поза е идеална за мултитаскинг, бидејќи можете истовремено и да спиете“, вели Вики (35).

Анален секс

Тој: „Сум го пробал ова. Не ми се допадна. Има нешто чудно во тоа. Јас во женскиот задник. Признавам и јас бев опседнат со анален секс додека не го пробав, но сега попрво би ја пробал било која друга поза која нејзе повеќе ѝ одговара“, признава Кајли (34).

Таа: „Не. Не сум го пробала тоа и никогаш нема. Со причина имам вагина и таа е предвидена за секс“, одлучна е Џени (26).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag