Кој не би посакал да живее во неа? „Студио Аико“ дизајнираше концепт на пустинска куќа „The Desert Villa“, која е целосно прилагодена за пустински амбиент а од неа се пружа навистина фантастичен поглед.
Постојат различни верзии пустински вили, но сите имаат неколку сличности – песокот е регулатор на температурата, топлотата се ослободува низ отвори на кровот, а ѕидовите од стакла овозможуваат преубав поглед на природата.
Различни се по дизајн и естетика, како и по тоа дали преферирате заоблени или линеарни површини, но сите се едноставно совршени.
Моделот „The Desert Villa“ е осмислен така да биде изграден во песочна падина.
Големата бетонска подлога служи како тераса предвидена за одмор, а од дневната соба ја дели само голема стаклена површина поставена наместо ѕидови.
Долгите ѕидови се направени од стакло и ги следат закривени или рамни линии на кровот, што допринесува до совршена естетика.
Погледнете го видеото и споделете со пријателите: