Овие 8 типа на луѓе се најмногу склони кон изневерување

15 февруари, 20150
4

На основа на научните истражувања и статистичките податоци, истражувачите дошле до листа од овие 8 типа на луѓе кои се најмногу склони кон изневерување на партнерот.

 

1. Жени кои читаат „50 нијанси на сива“

По појавувањето на оваа книга, еден сајт за пронаоѓање партнер забележал пораст од дури 50% на женските клиенти. Жените изгледа добиле охрабрување по овој еротски роман.

2. Мажи кои работат во IT сектор

Ако прва асоцијација за неверни партнери ви се адвокатите, грешите, тие се на петтото место. Брокерите на берзите се на второ место, а на првото се најдоа мажите вработени во областа на информатичка технологија.

3. Учителки, наставнички

Најсклони кон изневерување се жените кои работат во здравство или просветителство, како и домаќинките.

4. Високи мажи

Мажите повисоки од 178 сантиметри двојно почесто изневеруваат од ниските мажи. Веројатно затоа што се посамоуверени, а и жените полесно паѓаат на високи мажи.

5. Французи

Истражувањето кое опфаќало 35.000 возрасни мажи открило дека Австралијците се најверни, но и дека најкратко издржуваат во креветот. Швајцарците и Грците се покажале како големи љубовници, но на првото место се нашле Французите. Цели 75% од нив признале дека ја изневериле својата партнерка.

6. Љубители на кафе

Просечниот корисник на сајтовите за запознавање пие по 4 шолји кафе во денот. Се има смисла, затоа што кафулињата се идеално место за закажување на еднодневна романса.

7. Рокери

Всушност, тука спаѓаат сите љубители на рок музика. На основа на едно истражување во Велика Британија, дури 41% од љубовниците сакаат рок музика.

8. Русокоси и смеѓи мажи

Дури 42% од жените кои признаваат дека сакаат афери се русокоси. Тој процент помеѓу црвенокосите изнесува 23, бринетите 20 и црнките само 13 проценти.

Кога се работи за мажите, 40% од нив се смеѓи. Најмалку изневеруваат црвенокосите мажи – само 5%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi