Овие намирници навистина ги бришат брчките

popara26 јули, 20151min00
8
Покрај тоа што е здрава и влијае поволно на зајакнувањето на имунитетот, оваа храна успешно се бори и против брчките. Секако, невозможно е да се избришат оние кои веќе постојат, но навистина е возможно да се ублажат и да се спречи појавата на нови.

Токму затоа, овие намирници би требало да бидат дел од вашата секојдневна исхрана:

Лосос


Тоа е најдобриот избор кога се работи за рибата. Лососот е особено богат со омега-3 масни киселини кои се погодни за здравјето на срцето. Ако вкусот сепак не ви се допаѓа, не откажувајте се комплетно од рибата, туку определете се за сардина, скуша или харинга.

Бадеми


Кога се работи за јаткастото овошје, не може во ниту еден случај да згрешите. Но сепак, бадемите за многумина се особено драги токму поради нивниот карактеристичен вкус. Благодарение на омега-3 масните киселини, јаткастото овошје има можности внатрешно да ги пегла брчките.

Јогурт


Бидејќи содржи пробиотички бактерии кои помагаат во процесот на варење, оваа млечна преработка особено го забрзува метаболизмот кој како што знаеме е поврзан и со процесот на стареење. Покрај јогуртот, во секојдневната исхрана би требало да го сместите и кефирот.

Киноа


Оваа древна житарка изобилува со влакна, но и манган, фосфор, железо, селен и комплекс од витаминот Б. Консумирајте неколку месеци само половина шолја од оваа чудесна житарка и ќе се изненадите со резултатите.

Зелен чај


Иако се работи за пијалок, а не храна, зелениот чај и тоа како заслужува да се најде на овој список. Благодарение на моќните антиоксиданси, вашите брчки ќе бидат помалку видливи, а покрај очигледниот ефект на подмладување, лесно ќе се ослободите и од неколку одвишок килограми.

Боровинки


Познато е дека бобинкастите плодови се исклучително здрави, а боровинките се исклучително богати со антиоксиданси кои се борат против слободните радикали, кои го забрзуваат стареењето и појавата на брчки.

Прокељ или кељ


Оваа зелена ризница на здравјето значајно го зајакнува нашиот имунитет, го прочистува организмот и го подмладува телото. Иако поради својот вкус и не е особено популарен, прокељот е исклучително богат со витамини и минерали и токму затоа би требало сите да го имаме на нашата трпеза барем еднаш во две недели.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma