Овие славни актери се изгладнувале за потребите на улогите

26 ноември, 20150
9
За потребите на улогите во одредени филмови, овие славни актери сто проценти го промениле својот изглед, што изгледале непрепознатливо. Но, поради успешната трансформација, некои од нив биле наградени и со Оскар.

Крис Хемсворт


„Едноставно не јадев ништо. Само пиев вода. Едвај стоев на сетот. Само го чекав моментот кога ќе се онесвестам“, вели 32-годишниот Крис Хемсворт кој ослабел дури 15 килограми поради филмот „In The Heart Of The Sea” во кој глуми морепловец кој доживува бродолом.

Кристијан Бејл


41-годишниот актер Кристијан Бејл морал да ослабе речиси 30 килограми за потребите на улогата во филмот „The Machinist” во 2004 година. За време на снимањето на филмот земал витамини и речиси ништо не јадел, а многу вежбал. Тогаш паднал на само 55 килограми тежина. За таа улога беше и номиниран за Оскар.

Метју Меконахи


46-годишниот актер Метју Меконахи јадел само белки и пилешко и пиел диетална Кола додека се подготвувал за улогата на дилер болен од СИДА во филмскиот хит ‘Dallas Buyers Club’ од 2013 година. Меконахи за потребите на овој филм ослабел 10 килограми, а за таа улога ја освои и престижната награда Оскар.

Натали Портман


Натали Портман (34) ослабела девет килограми за улогата на балерина во филмот „Black Swan” во 2010 година. Покрај тоа што гладувала, морала и да тренира осум часа дневно. „Имаше ноќи кога мислев дека не можам повеќе, дека ќе умрам“ изјави актерката која за таа улога освои и Оскар.

50 Cent


Поради улогата на пациент кој боледува од рак, раперот 50 Cent ослабел 25 килограми за само девет недели. Но, на 40-годишниот рапер не му било потребно долго време за да се врати на старата тежина после снимањето на филмот „All Things Fall Apart” од 2010 година.

Шарлиз Терон


За да се подготви за улогата на сериски убиец во филмот „Monster” во 2003 година за која доби и Оскар, 40-годишната Шарлиз Терон јадела крофни и се здебелила 13 килограми. После снимањето на филмот побрзала да ги симне вишокот килограми и покрај советите на лекарите и веќе на премиерата на филмот повторно заблескала во својата витка фигура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *