Овој човек нуди милион долари на било кој човек кој што ќе успее да направи само едно и единствено нешто!

29 септември, 20150
Овој човек нуди милион долари на било кој човек кој што ќе успее да направи само едно и единствено нешто!

Славниот американски магионичар Џејмс Ренди (86), веќе неколку децении води немилосрдна војна против сите оние кои што со помош на трикови и измами се обидуваат да ја убедат јавноста дека располагаат со паранормални и натприродни моќи.

Џејмс ѝ нуди дури милион долари на било која личност која што може да докаже дека поседува паранормална активност.

– Сакате милион долари? Ќе ви дадам милион долари – им рече Џејмс на сите видовити луѓе, исцелители и сите останати кои што заработуваат пари правејќи таканаречени паранормални активности.

Ренди овој предизвик за прв пат го објавил во 1964-тата година, а тогаш наградата изнесувала само 1.000 долари. Од 1964-тата до 1982-рата година, според неговите наведувања, овој предизвик го прифатиле 650 лица, но ниту една не го поминала ниту преелиминарниот тест.

Оние кои што мислат дека сето ова е само измама, Ренди ги уверува дека парите се подготвени на посебна сметка.

– Нема смисла само некои да се наречат измамници. Сите тие се измамници, одлучен е магионичарот, чиј што животен предизвик е да ги спасува лесноверните луѓе од измамниците.

Неговиот животен пат е опишан во документарниот филм “Искрен лажго”, кој што овој месец ќе започне да се прикажува во кино салите во САД.

Притоа, тој додава дека единствената разлика помеѓу магионичарот и сите оние кои што се занимаваат со паранормални активности се состои во тоа што магионичарите не тврдат дека нивната дејност е нешто натприродно.

https://www.youtube.com/watch?v=2MFAvH8m8aI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi