Еден од најголемите непријатели на кожата се слободните радикали. А најголеми непријатели на слободните радикали се антиоксидансите. Во виното и зелениот чај има најголема концентрација на најполезните за кожата антиоксиданси. А од двете компоненти во комбинација се добива супер моќна маска за лице со лифтинг ефект.
Потребни намирници:
– 1 лажица зелен чај,
– 1 лажица црно вино,
– 1 лажица кисело млеко,
– 2 лажици мед.
Сварете зелен чај и оставете да стои кесичката 15 минути, а медот загрејте го на пареа. Откако чајот ќе се олади измешајте го со виното, киселото млеко и медот. Нанесете ја маската на лицето и вратот со помош на четка.
Оставете да делува околу половина час и измијте со млака вода. Маската се аплицира еднаш седмично.