„Пеперутка“ :Кога сфаќаш дека среќата е момент…

popara17 август, 20151min00
7

Тебе толку ли ти е тешко да застанеш за момент, да земеш длабок здив и да се прашаш како си? Каде мислиш дека ќе те одведе постојаното талкање, бркање, трчање по непознатото, бегајќи од реалноста. Каде те носи бркањето со демоните во тебе, со минатото, со проблемите, не е лесно да се соочиш со нешто страшно, но ја имаме силата во нас, само треба да ја најдеме, да се избориме, да се издигнеме. Матен ти е погледот, знам дека и душата ти е. Исплачи се, може со солзите ќе измиеш дел од стравот.

Чудесни сме ние луѓето, трупаме проблем над проблем… а зашто? Бидејќи сме пички, слабаци, не се соочуваме со реалноста и така си создаваме нови проблеми, каде не ги ни имало…

Доволно е да имаш некој кој те сака. Да те сака најмногу, само тебе, никој друг, а и ти исто, во исто време. Таква љубов. Да имаш каде да ја потпреш главата кога си уморен од се. Некој кој ќе те држи в прегратки, кога целиот свет ти врти грб. За таква љубов вреди да се живее. Онаа љубов кој ти носи верба и надеж. Онаа љубов со која ја разбираш среќата.

Кога сфаќаш дека среќата е момент. Таа не е состојба. Тоа е секунда, минута, прегратка, збор, насмевка. А после пуф, изчезнува. Толку копнееме по нејзе. Клише е може, но да, таа е како пеперутка. Од нешто не убаво, се раѓа нешто волшебно. Волшебните работи се слободни, летаат, не знаеш кога ќе пристигнат. Ако ги бркаш, не ги фаќаш. Кога си мирен, спокоен, со себе и со светот околу себе, ќе бидеш награден со момент на среќа, да те потсети дека не е се залудно. Во моментите на безнадежност, во главата да ти стои еден глас, кој ќе те потсетува на небесната моќ на универзумот, на неверојатната енергија која ја даваме и која ни се враќа.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag