Вечерва во 23:30 на Алфа ТВ почнува петатта гала вечер “На иста адреса” која ќе заврши со уште едно исфрлување. Покрај сталните Роберт Билбилов и Весна Бејби Петрушевска како трет член, гостин, во жирито ќе го видиме Ѓоко Таневски. Интересно е тоа што вечерва пред шоу бизнис полицаецот, Боки 13, натпреварувачите ќе се појават во сопствен стајлинг, без помош од стилисти, поради дисциплинската казна која им беше изречена вчера. Поддржувајте ги вашите фаворити, гласајте и останете “На иста адреса” заедно да ја избереме новата ѕвезда на Македонската естрада.