
Почетокот на оваа полициска снимка од Вилниус не дава впечаток дека се случува нешто невообичаено. На неа се гледа автомобил чиј возач ги крши сообраќајните правила и полицијата се обидува да го застане.
Неколку моменти подоцна автомобилот конечна запира, а од него излегуваат двајца крупни мажи. Во првиот момент се чини како да сакаат да се пресметаат со полицијата, но тогаш излегува мајка со дете кое лежи на нејзините раце без свест.
Со детето приоѓа до полициското возило, а полицајците реагираат брзо, сместувајќи ги детето и мајката во својот автомобил и под сирена со полна брзина возат кон најблиската болница.
Оваа снимка ја објави полицијата, која открила дека детето се освестило и дека добро се опоравува.
Медиумите ја фалат полицијата која се докажала дека во кризни ситуации брзо реагира.