Натпреварувачите од вилата НИА вчера вечер ја отворија третата гала и ни приредија одлично шоу. На Роберт Блбилов и Весна Бејби, како трет член од жирито им се придружи Ѓорги Крстевски, кој призна дека иако ги гледа за прв пат, е пријатно изненаден од талентот и изведбите на натпреварувачите. По само 21 ден и жирито и гледачите вчера имаа можност да забележат позитивен прогрес, кој не изненади сите. Ако минатиот пат имавме строги критики, овој пат имавме повеќе пофални зборови. Натпреварувачите ги прифатиле советите од нивните ментори и конструктивната критика ја претворија во позитивен прогрес, кој според нив најмногу се должи на Весна Бејби. Иако овој пат жирито беше малку помеко со своите коментари, тие едногласно се сложија дека натпреварувачите ги чека уште многу работа. Што ќе ни подготват и како ќе се претстават на следната гала останува да видиме во недела. Останете со нас “На иста адреса”.