После ова, веќе никогаш нема само така да ја фрлате кората од портокал

popara3 јануари, 201517min00
14

Повеќето луѓе само така ја фрлаат кората од портокал, но ќе се уверите дека прават голема грешка откако ќе дознаете колку полезна може да биде…

Рерна

Сте ја исчистиле рерната, но сеуште има непријатен мирис? Решете се од непријатниот мирис, така што на плехот ќе ставите неколку парчиња кора од портокал и уклучете на 180 степени. Оставете половина час да грее. Не само што рерната свежо ќе мириса, туку и целата кујна.

Чевли

Вашите чевли мирисаат не баш пријатно? Ставете во нив парче кора од портокал и оставете нека отстои. Кората ќе ја упие влагата и ќе остави свеж и пријатен мирис.

Фрижидер

Еден од најдобрите начини за да го отстраните непријатниот мирис од фрижидерот е кора од грејп или портокал. Посолете ја кората и ставете ја во фрижидер каде треба да стои се додека не стане целосно мокра, а потоа заменете ја ако биде потребно.

Освежувач на просторот

Откако ќе го излупите портокалот, не фрлајте ја кората. Во зима кога радијаторите работат е одлична идеја како да се освежи воздухот. Кората ставете ја врз радијатор и уживајте во свежиот мирис.

А еве вака ќе направите и свеќа од портокал:

httpv://www.youtube.com/watch?v=dHLmKDqUGUA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *