Поучна приказна: Број ги благословите, а не проблемите!

23 јануари, 20150
21

За  време  на  едно предавање, говорникот зел бел лист хартија и на средината  на листот со  пенкало  нацртал црна точка. Го кренал листот високо, за да можат сите да го видат и ги запрашал што гледаат.
Одговорот бил  брз и  решителен:  Гледаме  црна  точка!

Што друго гледате? – запрашал говорникот.

Во салата настапил молк, па говорникот продолжил:

Зар ништо друго не гледате? Не  го гледате ли белиот лист хартија? Навистина ме разочаравте!

Потоа продолжил да  објаснува:

Ете, и во животот постапуваме на сличен начин. Дозволуваме малите разочарувања да ни го замаглат видикот и да ги превидиме бројните благослови што Господ ни ги  дава. Ја  гледаме малата  црна  точка, а не ја гледаме многу поголемата бела хартија.

Наместо тоа, треба да му се придружиме на писателот на Псалмот 103 : Слави го Госпда, душо моја, и  не заборавај ниедна Негова добрина! 

Ако се сконцентрираме на благодарност за благословите што секојдневно ги  добиваме  од Господ, нема да ни се случува да запаѓаме в  песимизам поради малите „црни точки“ кои надоаѓаат во животот и се секојдневие.

Број ги благословите, а не проблемите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *