Состојки:
Кора:
3 јајца
7 лажици шеќер
7 лажици брашно
2 лажици какао
5 лажици млеко со рум
Темен крем:
10 лажици шеќер
300 мл вода
3 жолчки
2 јајца
200 гр чоколадо
250 мл слатка павлака
3 пакетчиња желатин
Бел крем:
10 лажици шеќер
300 мл вода
3 жолчки
2 јајца
200 гр бела чоколада
250 мл слатка павлака
3 пакетчиња желатин
Прелив:
50 гр чоколадо
2 лажици масло
Подготовка:
Кората ја добиваме така што од белките матиме со шеќер цврст снег, па ги додаваме жолчките, брашното и какао. Печеме во тркалезен калап околу 25 см пречник. Печената и оладена кора се попрскува со млекото со рум.
Темен крем:
Шеќерот и водата се варат, се матат 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер внимателно се додава во белките па потоа и жолчките се спојуваат со зашеќерените белки. Оваа смеса се меша со жица, не со миксер. Оставете да се олади па во ладното додадете ја слатката павлака и на крај желатин. Оваа смеса се префрла во тркалезен калап со исти димензии како оној за кората и се остава добро да се стегне и олади.
Светол крем:
Се се прави исто како и за темниот крем, само што чоколадата е бела. И овој крем мора да отстои во истиот калап како и темниот крем и кората.
Двата крема кога ќе се стегнат ставете ги врз кората, прво темниот па светлиот. Стопете чоколадо со масло на пареа и со ова украсете ја тортата.