Поучна приказна: Внимавајте што посакувате, ќе ви се оствари!

29 мај, 20150
7

Зошто кога некој ќе каже нешто лошо, веднаш потчукнувате во дрво? Затоа што не сакате истото да ви се случи и вас, нели? Но, што кога посакувате нешто добро и веднаш добивате одлично за возврат, на што се должи тоа?

Оваа кратка приказна е таков пример:

„Седевме јас и моите колеги на факултет подготвени за полагање на испит во казнена сесија, тој предмет ни беше последната шанса да избегнеме презапишување на годината на квадрат.

Некои спремиле ливчиња, други бубици, а трети се препуштиле на знаењето и случајноста, што биде, нека биде. Меѓу тие третите бевме јас и уште едно девојче.

Девојчето имаше научено сè, од „А до Ш”, но сепак се плашеше од прашањата и професорката.

Ја убедував дека професорката е една од најдобрите во факултетот, а прашањата сигурно нема да бидат толку тешки како што си мисли.

Таа само ми одговори:

– Колку би било убаво доколку професорката ни рече на сите да напишеме само по пет прашања кои ги знаеме најубаво.

Го кажа тоа со толку силна желба и искреност што посакав јас да сум професорката и да го направам тоа за неа.

Влезе асистентот и ни соопшти дека професорката нема да биде во состојба да дојде поради лични причини, но испитот сепак нема да се откаже. Таа го замолила тој да се погрижи за сè и да внимава на нас за време на испитот.

Асистентот се сврти кон нас и ни рече:

– Професорката ми соопшти дека може да напишете само по едно прашање кое најдобро го знаете, како извинување поради тоа што не можела да присуствува и да го одржи испитот, водено е казнена сесија, па не сака да ве казнува престрого.

Сите почнаа да ракоплескаат и да се радуваат веднаш започнувајќи да ги полнат испитните тетратки со одговорот на прашањето кое најмногу го имале учено.

Се завртив кај мојата колешка и ја погледнав. Беше пресреќна, а јас и реков: Внимавај што посакуваш, ќе ти се оствари!

Таа се насмевна и од тој ден знаев дека тоа ќе биде нејзиното мото во животот, а исто така и мое, бидејќи двете сфативме колку е голема  моќта на позитивните мисли и желби која секогаш ќе биде подготвена да нè води доколку ние и го дозволиме тоа.”

Затоа внимавајте што посакувате, ќе ви се исполни!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş