Познати личности чии невестински фустани се вистинска катастрофа
Венчавката треба да биде и најчесто е најважниот настан во животот на една двојка. По минување на многу месеци во планирање и подготовки за големиот настан, невестата треба да биде во совршениот фустан, приемот да се одвива во најдобар ред и што ли уште не.
За жал работите не се одвиваат секогаш онака како што биле испланирани, а и фустаните не се секогаш во најдобар ред и не покажуваат раскош и софистицираност.
Ова се 10 познати личности чии фустани се вистинска катастрофа:
1. Мараја Кери
Волуминозен и светкав, огромниот невестински фустан е надополнет со уште поголем букет за самиот настан. На која декада ве потсетува?
2. Луисана Лопилато
Горниот дел од фустанот на моделот и актерката Луисана всушност е прилично убав, но потоа пристигнувате до вториот дел од фустанот. Што е најлошо, истиот е надополнет со жолт чуден дезен со кој навистина вреди да се најде на листата.
3. Тина Тарнер
Ова не и беше прва свадба на познатата пејачка и ако не сакала да носи бело, навистина не морала. Но, од друга страна пак, зелено-црниот фустан е прилично ужасен, посебно благодарение на светкавите хеланки.
4. Витни Хјустон
Таа беше една од најдобрите пејачки на светот и секако дека заработуваше прилично доволно за да може да си го дозволи и најскапиот фустан, но сепак се одлучила цела да се препокрие во бело.
5. Ема Томпсон
На нејзиниот најважен ден, позната актера одлучила да личи повеќе на деверуша отколку невеста.
6. Селин Дион
Пејачката Селин не само што претставува голем глас, туку и на себе носи голем фустан – километри и километри долг фустан кој е надополнет со вел кој наликува на лустер.
7. Бритни Спирс
Самиот фустан кој го носела на венчавката бил пристоен и елегантен, но што потоа носела на приемот е вистинско чудо – бел мини фустан.
8. Кети Прајс
Моделот Кети Прајс отсекогаш сакала да ги покажува своите облини па се одлучила и за својата венчавка да го направи ова.
9. Памела Андерсон
Актерката Памела Андерсон стапила во брак неколку пати, но она што ја издвојува венчавката со Кид Рок е нејзиниот изглед. За случувањето таа решила да се појави само по бел костим за капење.
10. Принцезата Дајана
Венчавките треба да бидат голем настан, но некои работи на тие настани не би требало да бидат поголеми отколку што е потребно. Таков е случајот е случајот и со фустанот на принцезата Дијана.