
Многу познати личности заработуваат заедно со нивните фамилии кои ги воведуваат во светот на познатите на ралзични начини. Таков пример ни се Ким Кардашијан и Доналд Трамп, кои се пораснале во богати семејства, а потоа успеале и самите да изградат нивна и кариера на своите најблиски.
Сајрус вредат 184 милиони долари

Били Реј Сајрус стана славен во 1992 година кога го објави кантри албумот „Some Gave All“. Албумот имаше 9 мулти-платинум копии и беше првиот дебитантски албум што се искачил на врвот на листите. Реши да се забавува и во актерскиот свет заедно со неговата ќерка, Мајли. Заедно се појавија во „Hannah Montana“, а потоа и беа продуценти. Мајли стана Хана Монтана, а потоа започна огромна музичка кариера, која се уште цвета.
Семејството Валберг вреди 246 милиони долари

Марк Валберг во раните 90-ти се прослави како фронтмен во бендот „Marky Mark and the Funky Bunch“, но неговата музичка кариера заврши во 1993 година. Потоа се сврти кон актерството каде што доби улоги во „The Perfect Storm“ и „The Fighter“, а неговиот последен филм е „Ted“. Заедно со неговите браќа, продуцира реално ТВ шоу „Wahlburgers“, во кое е прикажана работата на заедничкиот ресторан зад очите на гостите.
Џенер – Кардшаијан кланот вреди 300 милиони долари

Ким Кардашијан Вест стана ѕвезда откако снимаше секс видео со нејзиното поранешно момче, но потоа многу брзо стана една од најбогатите и највлијателни жени во Америка. Во 2007 година во светот на шоу бизнисот ја воведе и својата фамилија преку реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“. Оттогаш мајка и Крис Џенер и стана менаџер. Кортни и Клои правеа интересни работи за да им се допаднат на гледачите, а набрзо и ги отворија продавниците DASH. Сега сите сестри, вклучувајќи ги и Кендал и Кајли, покрај кариерите имаат свои апликации интересни за сечиј вкус.
Фамилијата Смит вреди 394 милиони долари

Актерот и продуцент Вил Смит најпрво се појави како рапер, кој доби Греми награда во 1988 година, а две години подоцна ја започна својата кариера како актер во филмот „The Fresh Prince of Bel-Air“. И неговата сопруга е успешна актерка која се појавува во многу фулмови. Неговите деца Џејден и Вилоу веќе имаат успешни кариери како актери, кои се појавија заедно со татко им во „I Am Legend“ и „The Pursuit of Happiness“.
Бекам вредат 650 милиони долари

Дејвид Бекам, професионалниот фудбалер најпрво започна да игра во Манчестер Јунајтед, а потоа и во Реал Мадрид. Се венча со Викторија, која беше дел од познатата група од 90-тите, Spice Girls. И додека Дејвид се уште игра фудбал во Лос Анџелес Галакси, Викторија се насочи кон модниот свет и сега е дизајнер, која ги облекува познатите.
Семејстово Трамп вреди 9.2 трилиони долари

Моменталниот кандидат за претседател на Америка не е единствениот човек во семејството кој заработува. Тој се збогатил благодарение на бизнисот за недвижности, неговата жена Меланија заработува како дизајнер на накит, додека ќерка му Иванка и неговиот син Ерик, се вице претседатели во компанијата The Trump Organization. Заедничкото богатство на ова семејство изнесува вртоглави 9.2 трилиони долари!
До каде сте вие со семејниот буџет?