Проверете дали спаѓате во категоријата – дама со стил

2 јануари, 20150
16

Понекогаш на сите ни треба потврда дека сме успешни во она што го правиме. Па ако вие сте опседнати со модните трендови и блогерки, проверете дали спаѓате во категорија на секогаш добро облечена дама.

znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-dama-so-stil-01.jpg

Во колку од тврдењата се пронаоѓате?

1. Кога гледате некое парче облека во глава ви се вртат најмалку 3 комбинации со кои можете да го носите. Инаку не гледате смисла зошто би го купиле.

2. Можете да ја одберете најлошата продавница и во неа да најдете одлично парче.

3. Се смеете кога некој ви зборува за модни забрани и што не смеете да носите. Кој вели дека црното и кафеното не оди?

4. Не ги пратите слепо трендовите, затоа што знаете што е во ваш стил, а што не. Понекогаш се чувствувате како единствената жена во светот која не носела металик лак за нокти.

znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-dama-so-stil-02.jpg

5. Кога ќе направите нешто сосема спонтано, како што е тотална промена на фризурата, тоа најчесто ви одговара. Нема каење, затоа што одлично се вклопувате во секоја промена.

6. Луѓето често ве прашуваат од каде сте го купиле тоа парче гардероба. А вие пак обожавате да ги изненадите со продавница која не е ниту скапа, ниту марка.

7. Кога им помагате на пријателите да одберат гардероба, таа секогаш совршено им прилега. А потоа ве прашуваат дали може секој ден да ги облекувате.

8. Можете да направите добар изглед дури и кога мислите дека немате што да облечете.

9. Имате фотографско паметење на комбинациите кои ви се допаѓаат, па многу лесно можете да ги постигнете без да купувате нова гардероба. Затоа што вие никогаш никој нема да ископирате целосно…

znaci-koi-otkrivaat-deka-ste-dama-so-stil-03.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi