Проверете каква личност сте според часот на раѓање

popara20 февруари, 20151min00
3

Независно дали верувате или не, според некои луѓе часот на раѓање е од особена важност за карактерот и развојот на личноста.

Родените помеѓу 24 и 2 часот се луѓе со немирен дух.

Разумот и чувствата кај нив се во постојана борба. Тие се екстремно борбени и амбициозни луѓе. Си поставуваат некоја цел и не се откажуваат додека не ја постигнат. Имаат склоност да ризикуваат и често губат поради тоа, но без да драматизираат. Паметни се, флексибилни, остроумни и лукави понекогаш. Затоа и успеваат во животот.

Родените во интервалот од 2 до 4 се боеми.

Сакаат комфорт и луксуз. Секогаш се поставуваат на прво место себе си, сопствените желби и личната слобода.  Сакаат да се забавуваат и сакаат да пробаат од сите задоволства што животот им ги нуди. Силно се приврзуваат кон луѓето што ги сакаат. Си поставуваат секогаш високи цели, но бидејќи се упорни најчесто стигнуваат онаму каде што намислиле. На овие луѓе не им поставувајте граници, зошто ќе ги изгубите брзо.

Родените во интервалот од 4 до 6 часот се многу енергични и позитивни луѓе.

Тие се искрени и отворени и се трудат секогаш да ви ја кажат вистината право во очи. Имаат многу силен карактер и сакаат по секоја цена да ги контролираат работите и луѓето околу нив. Не трпат лага и лицемерие и често се избегнувани од околината поради тоа. Во љубовта сакаат да бидат доминантни. Со нив треба да си отворен, зошто во спротивно си играш со оган.

Родените во интервалот од 6 до 8 се многу нерешетилни .

Тешко прифаќаат било какви промени, на личен и професионален план. Имаат силно развиена фантазија, па затоа креативните работи се вистинскиот избор за нив. Во личен план се многу независни и често се аутсајдери во средината, живеејќи во сопствениот измислен свет. Едноставно сами избираат да не бидат дел од матрицата и тоа ги прави уникатни.

Родените во интервалот од 8 до 10 часот се големи авантуристи и постојано бараат нешто ново и нешто повеќе.

Карактеристично за нив е тоа дека се им здосадува многу брзо. Родените во ова време имаат силно изразен независен карактер, не сакаат никој да им се меша во животот, не прифаќаат совети, дури и кога се добронамерни и од најблиските луѓе. И најчесто на крај успеваат да го постигнат тоа што го сакаат.  Ја презираат лагата и не се склони да прават компромиси. Недостапни за сите оние кои не се на нивно ниво.

Родените во интервалот од 10 до 12 часот се неверојатно амбициозни луѓе.

Успехот за нив стои над се останато. Овие луѓе обично секогаш успеваат да се издигнат високо во хиерархијата, благодарение на својата упорност и супер амбициозност. Не признаваат ништо и газат по се што им пречи да ја постигнат својата цел. Во средината често се игнорирани, но тоа не ги загрижува особено, бидејќи сметаат дека се нешто повеќе од останатите. Реално, тие се многу паметни, но нивниот егоизам и претерана самодоверба пречи на останатите.

Родените во интервалот од 12 до 14 часот се авантуристи по душа.

Тие постојано се во потрага по нешто ново. Не признаваат никакви забрани и табуа во однос на сексот.  Многу се чувствителни во однос на проблемите на останатите. Спремни се секогаш да помогнат, дури и на оние што не ги познаваат доволно. Овие луѓе се екстремно харизматични личности и многу лесно успеваат да бидат миленици во друштвото. Весели се и отворени.

Родените во интервалот од 14 до 16 часот се со двојна природа, непостојани и на нив не може да се рачуна особено кога станува збор за важни решенија и зделки.

Овие луѓе не се сигурни што сакаат и поголемиот дел од животот лутаат од една крајност во друга. По карактер воопшто не се лоши, но средината треба да се помири со нивното променливо расположение. Во љубовта се склони на длабоки и трајни чувства, но партнерот треба да биде многу трпелив и да го прифаќа секој нивни каприз.

Родените во интервалот од 16 до 18 часот се добри по душа и отворени луѓе.

Многу се приврзани кон семејството и пријателите. Овие луѓе се харизматични и се спремни да се жртвуваат за луѓето што им значат. Мразат конфликти и секогаш се склони да направат компромис за доброто на сите. Тие се вистински дипломати и од секоја ситуација успеваат да се извлечат со достоинство. Во љубовта се посветени и верни на човекот до нив, го сакаат и го ценат и секогаш тие се првите што ќе попуштат во ситуација на конфликт, со цел да има мир во куќата.

Родените во интервалот од 18 до 20 часот се одликуваат со својата лојалност кон останатите. На овие луѓе може да се рачуна секогаш и за се. Тие се перфекционисти. Се што прават сакаат да биде совршено, се посветуваат на тоа и најчесто успеваат. Ги постигнуваат целите со упорност и континуитет. По карактер се многу добри, искрени и верни на своите пријатели. Многу добро се реализираат во професии, кои бараат точност и прецизност. Обично постигнуваат големи успеси во животот поради својата упорност и прецизност.

Родените во интервалот од 20 до 22 часот се многу интересни и забавни личности.

За нив животот представува театарска сцена, а главната улога секогаш им припаѓа на нив самите. Внатрешно се многу несигурни но вешто ги прикриваат своите слабости. Постојано играат разни улоги, па затоа постои реална опасност во еден момент да се изгубат во таа игра. Тешко поднесуваат критика, тоа ги депресира и нервира. Избегнуваат да гледаат во очи на вистината, кога не им одговара и затоа си создаваат своја вистина. Имаат многу добро развиена фантазија. Пред се се интересираат за себе си и своите потреби, а сите останати се на втор план. Токму поради тоа овие луѓе не можеш да ги видиш во улога на „лузери“.

Родените во интервалот од 22 до 24 часот се луѓето на кои им припаѓа власта.

Успеваат да контролираат се и сите што ги заобиколуваат. И покрај ваквата нивна природа, тие се силно приврзани кон домот и блиските луѓе. Имаат силно развиена интуиција и слободно можат да рачунаат на неа. Поседуваат многу добри организаторски способности и од нив излегуваат неверојатно добри лидери. Ја сакаат власта но никогаш не дозволуваат да станат нејзини жртви. Тие се многу позиитивни, ведри и отворени. Помагаат дури и на оние што не ги познаваат добро и се раздаваат максимално за оние што ги сакаат. Во љубовта се исто толку отворени и искрени како и во се останато во животот, но настојуваат да бидат доминантна фигура во врската, макар и не јавно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag