Додека во јавноста кружеа гласини кој прв ќе ја имплементира оваа технологија, дали ќе биде тоа Samsung или LG, една компанија го претстави својот нов модел и не фати сите неподготвени. Да погледнеме како изгледа иднината…
Компанијата Viewsonic официјално го претстави моделот V55, за кој дури би рекле дека е од средната класа, со 5,5 инчен FullHD екран, надополнет со quad-core Snapdragon 410 процесор кој работи на 1,4GHz и поседува 64-битна архитектура.
Спецификациите продолжуваат со 2GB RAM, простор за складирање од 16 гигабајти и камера со резолуција од 13 мегапиксели и Sony сензор.
Интересниот дел се наоѓа на предната страна – мал ретина скенер кој е заштитен со лизгачка пластика. Идентично како со вашите отпечатоци, телефонот ги скенира вашите очи и потоа го отклучува телефонот. Дополнително, имате можност да заклучите одредени документи или слики, кои би се отклучувале само преку ретина скенерот.
Засега нема информација за цената на овој модел, ниту кога би започнала официјалната продажба. Погледнете како изгледа ретина скенерот во акција во следното видео!