Растенија кои за само 6 часа ќе ви го исчистат воздухот од токсини

31 август, 20150
4

Знаеме дека некои растенија го прочистуваат воздухот повеќе од другите, но треба да знаеме и колку растенија се доволни во нашата просторија за воздухот да биде исчистен од отрови и мувла, штетни по здравјето.

Тоа не се само „бабини-деветини“, туку НАСА дојде до тој заклучок по проучувањето на домашните билки. Тие открија дека некои видови подобро го филтрираат воздухот и ги отстрануваат органските соединенија кои испаруваат подобро од другите. НАСА вели дека би требало да имате меѓу 15 и 18 од овие билки во простор од 500 метри квадратни. Значи, за 80 квадрати, доволно е од 3 до 4 растенија. Не заборавајте една од билките да ставите во вашата спална соба, бидејќи таму поминувате доста време.

Топ шест растенија кои е добро да ги имате дома:
1. Алое – таа е одлична за кревање на нивото на кислород во вашиот дом. Исто така, открија дека многу делотворно апсорбира формалдехид, јаглерод диоксид и јаглерод моноксид. Една алоа постигнува она што и девет биолошки прочистувачи на воздухот.

2. Зелен лиљан (Chlorophytum Comosum) – способна е да направи фотосинтеза под минимална светлина. Одлично апсорбира отрови од воздухот како што се формалдехид, стирен и јаглерод моноксид, како и бензен. Една билка ефективно ќе го прочистува воздухот во простор од 200 квадратни метри.

3. Лиљан на мирот (Spathiphyllum „Mauna Loa“) – одлично ги отстранува хемиските отрови од воздухот. Оваа домашна билка го филтрира бензенот од воздухот, како и формалдехидот и триклоретиленот.
spathiphyllum-'peace-lilies'
4. Бршлен (Hedera Helix) – оваа билка дефинитивно секој би требало да ја има дома. Бршленот отстранува 60 отстранува од токсините во воздухот и 58 отсто од честичките од фекалии за само шест часа од стоењето во просторот.

5. Јазикот на свекрвата (Sansevieria Trifasciata „Laurentii“) – идеална домашна билка, речиси неуништлива. Многу е отпорна и и треба многу малку светлина за фотосинтеза. Покрај тоа што ги отстранува отровите, одлична е за во спалната соба бидејќи произведува кислород во текот на ноќта.

6. Фикус (Ficus Elastica) – особено е делотворен во чистењето на воздухот од формалдехидот. Исто така, не му треба многу светлина и лесен е за одржување. Но, внимавајте дали имате мали деца или домашни миленици затоа што лисјата може да се отровни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *