За надарени девојки за манекенки и супермодели некогаш се сметаа само оние со високи и извајани силуети кои неодоливо ни се смеат од насловните страниците на светските магазини. Но денес таквите убавици се промовираат на социјалните мрежи и ја стекнуваат светската слава.
Една од тие моделки кои го претставуваат тој нов тип на девојки од соништата е 19-годишната русокоса убавица Џиџи Хадид. Џиџи е американска манекенка и ТВ ѕвезда.
Таа во 2014 година беше избрана за ново лице на 50- јубилеен број на магазинот „Спортс илустрејтед“ кој е познат по тоа што објавува провокативни фотографии од светските убавици.
Русокосата убавица денес краси голем број страници на светските магазини ,и е заштитно лице на бројни модни брендови и кампањи.