Суровата и тажна вистина за латино мисиците

6 февруари, 20150
14

По крунисувањето на 22-годишната Колумбијка Паулиана Вега за Мис на Универзум луѓето ширум Колумбија излегоа на улиците да ја прослават нејзината победа.

Натпреварувањето за Мис Универзум е најпопуларно во земјите на Јужна Америка поради што притисокот на учесниците од ова подрачје е далеку поголем.

Венецуела е земја со шест мисици на светот, седум мисици на Универзумот, шест интернационални мисици и две мисици на планетата. Со оглед на тоа дека убавината во оваа земја е една од најважните работи побарувачката за силиконските гради резултирала со нивната висока цена, поради што биле организирани и простести во 2014 година.

– Во културата на Венецуела убавината е зависност и потреба, па силикони вградуваат и најсиромашните жени – вели хирургот Даниел Слобоџаник. Опсесијата со убавината ги преминува границите на нормалното, па жените се почесто се одлучуваат на поевтина варијанта и вградуваат кинески импланти.

Во Венецуела девојчињата од 12 години се свесни за своите недостатоци па се подготвуваат за операција на носот, усните, колковите … а кога имаат 16 години веќе се зрели за вградување на гради..

На овие притисоци кумува и самата организација на натпреварувањето за Мис Универзум со оглед на тоа дека учесничките немаат никава обврска да пријават доколку имале некаков естетски зафат.

Колку далеку одат мајките во подготовката на своите ќерки за идната Мис говори и факотот дека на осумгодишни девојчиња им вбризгуваат хормони со кои би им го одложиле пубертетот за да добијат на височина.

– Венецуела промовира жени со лажен изглед кои во целост го оперирале своето тело. Мис Венецуела не е добар пример за жените и девојките. Тие ќе направат се што е потребно за да добијат таков изглед – вели Тејли Кастејланос, активистка во организацијата „Yes to life“.

– Венецуела нема најубави жени на светот, ние само знаеме како да произведеме преубава совршена жена. Токму од тие причини и победуваме на светските натпревари во убавината – велат упатените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi