Режисерката на 50 нијанси има 23 години помлад сопруг

22 април, 20150
9

Режисерката Сем Тејлор-Џонсон на пошироката јавност не ѝ беше позната сè до излегувањето на филмот “Педесет нијанси сиво”. Од тогаш сите очи се вперени во неа, но причината не е нејзиниот деловен успех, туку нејзиниот невообичаен брак.

Сем е во брак со 23 години помладиот актер Арон Тејлор – Џонсон. Ваквата голема разлика во годините е чест предмет на полемики, а многумина тврдат дека таквата врска сепак не е одржлива. Сепак, Арон и Сем се и понатаму во хармоничен брак.

Тие се запознале во 2009-тата година на деловен состанок, а веќе кон крајот на истата и се свршиле. Но, тоа не би било никакво изненасување ако Арон тогаш немал 19 години, а Сем, 42 години. Три години подоцна тие застанаа и пред матичар, а Арон денес еве што вели за нивниот брак:

– Не се вклучувам во разговори кои се поврзани со разликата во годините. Кога претходно читав статии на оваа тема, се вознемирував. Што воопшто значи разликата во годините? Јас не ја забележував кога се заљубувавме еден во друг, ниту пак и сега ја забележувам, тврди Арон.

Иако оваа разлика е навистина голема, Арон тврди дека уште од првиот миг знаел дека сака да има деца со неа. Овој пар денес има две ќерки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi