Роналдо ја „фати“ ќерката на најмоќниот фудбалски менаџер

20 ноември, 20150
16

Конечно Кристијано Роналдо успеал да си најде утеха по раскинувањето на долгогодишната врска со манекенката Ирина Шајк. Фудбалерот сега е во врска со ќерката на својот менаџер.

Жорж Мендеш сега има причина повеќе дополнително да внимава на кариерата на еден од најдобрите играчи зашто Кристијано од неодамна е во врска со неговата ќерка Мариса.

Пртугалскиот таблоид Кореио де мања пренесува дека ѕвездата на Реал и 24-годишната Мариса, некое време се во врска и се неразделни.

Извор тврдат дека фудбалерот и Мариса се познаваат од предходно,  уште од моментот кога Мендеш му станал агент на Роналдо, но факт е дека тие од неодамна повеќе се зближиле.

Парот е виден неодамна на премиерата на филмот за Роналдо, каде не се појавил никој од фудбалерите од неговиот клуб Реал Мадрид.

Исто така Кристијано во шоуто на програмата на Џонатан Рос демантираше дека истовремено се гледа со неколку жени и тогаш откри дека планира на својот син да му каже која е неговата мајка, но за тоа ќе почека уште некоја година.

Во меѓувреме често се шират разни информации дека Роналдо можно е да замине од Реал и дека може да заигра за Пари Сен Жермен, а постојат и понуди и од Челзи и од Манчестер Јунајтед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *