Се плашела дека на свадбата ќе изгледа како кит: Погледнете ја невестата откако ослабнала 45 кг!

popara4 јануари, 201518min00
35

Една невеста била толку очајна што нема да изгледа добро на фотографиите од венчавката па во рекордно време ослабнала 45 кг!

Бившата зависничка од нездрава храна, Сам Мак Гинли (28) ја заменила штетната, мрсна, калориска храна со зеленчук и овошје и почнала активно да вежба и да вози велосипед  откако Брајан ја запросил.

За само 11 месеци Сам морала да купи нова венчаница бидејќи намалила неколку конфекциски броеви, односно од бројот 50 стигнала до 40.

“Набрзо откако Брајан ме запроси, отидов со мајка ми да пробам венчаница. Се обидов да глумам дека сум среќна додека се стискав во    фустанот број 50, но вистината е дека срцето ми плачеше. Никогаш не замислував дека ќе бидам дебела невеста. Цело време имав грозни мисли, дека ќе изгледам како кит кој ќе се истркала до олтарот.

Имав 114 килограми и изгледавме заедно чудно, бидејќи Брајан е слаб. Изгледав грозно на фотографиите од одмор, се срамев колку сум дебела во споредба со моите пријатели.“

Но кога Брајан ја запросил, решила дека до свадбата мора да ослабне. Го сменила начинот на исхрана, пешачела секојдневно по 10 километри, возела точак, напорно вежбала во теретана…и сега изгледа вака:

Браво!

2SAM G1

Претходно:

2sam g