Сè уште имам чувства кон бившиот. Дали можам да го вратам?

29 мај, 20150
15

Толку време се обидувавте да ставите крај и кога конечно успеавте добивте чувство како да ви е одземен дел од себе. Постојано сте во депресија, мислите на него, ви недостасува, пред очи ви се сите убави заеднички моменти и секој ден се плашите да не запознае нова девојка.

Па уште колку знаци ви требаат за да сватите дека вие се уште го сакате. Што ако е веќе доцна? Што ако нема враќање назад?

Никогаш не е доцна ако сте сигурна дека повторно го сакате истиот човек во вашиот живот. Но, внимавајте! Нема да добиете подобрена верзија, тој е човекот со истите мани и навики.

Се што треба да направите е:

Да станете од креветот и темницата во која се криевте сожалувајќи се себе си. Тоа што се случило оставете го, простете си себе и на вашото бившо момче и продолжете понатаму.

Дајте му повод повторно да ве забележи. Доколку го смените вашиот изглед и стилот на облекување веднаш ќе го натерате да застане и да ве разгледа бидејќи тоа е ново за него, нешто што не бил навикнат да го гледа.

Однесувајте се пред него како ништо да не се случило. Раскинувањето за вас не било воопшто тешко и потресно. Вашата насмевка и рамнодушност ќе го испровоцираат да дознае што ви се случува во животот. Пред да се освестите тој веќе почнал да ве следи насекаде во град.

Одете почесто на заедничките места или на местата каде што тој обично излегува. Така постојано ќе му бидете пред очи. Новата вие, позитивна и ведра што ужива во животот. Честите средби ќе го натераат да се навраќа на вас и да се замисли што изгубил.

Продолжете ја комуникацијата со луѓето што ве поврзувале, особено неговите блиски пријатели. Тие освен што ќе ви бидат извор на информации за тоа што прави во животот, може да се најдат  корисни и да му зборуваат за вас и за тоа како згрешил што не ве задржал покрај себе.

Најсигурна метода ви е да го направите љубоморен. Во негово присуство флертувајте со други момци. Доколку реагира и тоа го погодува значи сте на добар пат повторно да го имате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi