Годините поминати во бизнисот и стотиците порно филмови, ја направија своевиден експерт на темата секс, па нејзините совети се добредојдени за сите оние кои сакаат да си ги подобрат своите односи во спалната соба.
Еве што вели таа за предиграта, рутината, порно филмовите и секс фантазиите.
– Некогаш предиграта е исто толку добра како и самиот секс, особено во моменти кога рефлектира повеќе хемија од самиот секс. Колку повеќе ми е привлечена една личност, толку повеќе предигра сакам. Кога велам дека се зависи од ситуацијата, мислам на несекојдневните места на кои можете да имате секс.
-Ако сакате да ја повлечете партнерката за коса, фатете ја за опавчето и повлечете. Немојте само грубо да повлечете бидејќи тоа боли, но не на убав начин.
– Никогаш не дозволувајте рутината да ве совлада. Имајте предвид дека некои нешта кои што сте ги правеле со претходниот партнер, нема да му одговараат на следниот. Затоа кога ќе се најдете со нов љубовник слободно прашајте што му се допаѓа, а што не.
– Многу жени имаат фантазии кои се плашат да ги признаат, а уште помалку да ги остварат. Жените се далеку попалави отколку што мислат мажите.
-Без разлика дали сте маж или жена за време на предиграта слушајте го дишењето, звуците и учете од тоа. Анализирајте како вашите движења делуваат врз телото на партнерот односно на партнерката. Предиграта е одличен момент да се препуштите еден на друг и да се фокусирате на заедничката цел, а тоа е оргазмот.
-Ако сакате да ја наговорите девојката да испроба нови нешта сè што ви е потребно е добра комуникација и трпение за да ги поместите нејзините граници.
-Кога сакате да зборувате за порно со својата сакана најдобрата фаза за тоа е уште во почетокот на врската. Треба да внимавате бидејќи девојките вообичаено го сфаќаат тоа како да не се доволни за својот партнер, а тој став сигурно нема да донесе повеќе секс во врската. Затоа уште на почетокот спомнете ја темата на вистинскиот начин, за да немате проблеми понатаму.