Секси плус-сајз модел што го спобудале целиот свет
26 февруари, 20150
Ви ја претставуваме Кендис Хафин, плус сајз манекенката која досега има соработувано со многу познати светски брендови.
Кендис Хафин е плус сајз манекенка која го освои светот со својата невообичаена појава. Таа е убавица која учествуваше во новиот календар на Пирели 2015 каде што ги покажа своите облини.
Кендис во интервју за магазинот на „Yahoo! Style“ вели дека е горда што многумина ја сметаат за пионерка на „плус-сајз“ моделите. „Го сакам меото тело и се чувствувам убаво во него“, изјави таа.
„Јадам нормално и тренирам постојано, но мојата тежина не се менува. Веројатно судено е вака да изгледам“, вели ова убавица додавајќи дека многу често ја прашуваат за совет што да облечат.