
Северина на своите концерти најчесто настапува во провокативни изданија, а така беше и во еден загрепски клуб каде настапуваше неодамна.

Таа се појави во трико, мрежести чорапи и високи чизми кои сигурно би ги избрала и Џенифер Лопез која на своите настапи избира токму вакви комбинации. Секако дека главна ѕвезда во оваа комбинација се високите чизми кои се еден од најголемите трендови за оваа сезона.
