Шарапова, 11-та година по ред најбогата спортистка

13 август, 20150
3

Руската тенисерка Марија Шарапова и 11-та година по ред се наоѓа на највисокото место кога станува збор за најбогатите спортистки на светот според магазинот „Форбс”.

Во последните 12 месеци Шарапова инкасирала вкупно 30 милиони долари, кои ја прават најбогата тенисерка на светот. „Форбс” листата ја прави врз основа на наградните фондови и приходите од рекламите.

 

Седум од десетте најбогати спортистки на светот се заминаваат со тенис, а нивниот вкупен приход годинава изнесува 124 милиони долари, односно за 12 отсто помалку во однос на минатата година.

Зад Шарапова на листата доаѓа Серена Вилијамс со 24,6 милиони долари, а трета на листата е исто така уште една тенисерка, Каролин Вознијацки.

По нив следуваат: пилотот во НАСКАР, Даника Патрик, тенисерките Ана Ивановиќ и Петра Квитова, а останатите кои се најдоа во ТОП 10, а не се тенисерки се Ронда Роузи која се натпреварува во ММА и Стејси Луис која игра голф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi