Актерката се појавила пред фотографите во лежерна комбинација, а своето лице го покрила со големи црни очила. Некогашната секс бомба, очигледно не чувствува притисок и обврска дека секогаш мора да биде комплетно средена, па од дома излегла без шминка.
И не само тоа, актерката со гордост ги носи своите години, па без проблем ги извадила очилата и ненашминкана позирала пред објективот на фотографите.
Природното издание на Стоун предизвикало доста коментари на интернет, а додека едни ја критикувале актерката поради тоа што не подлегнала на естетски корекции, за други таа се уште е секс-бомба.