Шест мали тајни кои ќе ви помогнат да изгледате совршено на фотографии

25 декември, 20150
0001 copy

Фотографиите можат да го „фатат“ секој момент и да го зачуваат засекогаш. Веројатно тоа е причината зошто сите сакаме да изгледаме совршено додека се фотографираме. Прекрасно е чувството кога ќе се погледнете на стари фотографии и ќе си речете, „Тука изгледам навистина добро!“

Секој може да изгледа совршено на фотографии, само треба да ги знаете следниве неколку правила и да се придржувате кон нив. Како помош, професионалната фотографка Џоди Бол го изработи овој одличен визуелен водич, кој ви ги открива најчестите грешки кои луѓето ги прават на фотографии – како и како да ги одбегнете и секогаш да изгледате одлично.

Заземете безгрижна поза

Држењето на телото во форма на буквата “S“ е одлична поза која прави да изгледате многу порелаксирано, затоа што не е идеално симетрична и ви помага да се ослободите од здрвената „војничка“ поза. Исто така, треба да обрнете внимание на рацете – ставете ги во џеб само палците, а не целата дланка.

Свртете го вашето тело од камерата за околу три четвртини

Ако сакате да изгледате повитки на камера, не треба да ги насочувате рамената право кон објективот, туку да го свртите вашето тело од објективот за околу три четвртини. На втората слика подолу можете да забележите дека и двете раце на моделот се видливи и се во близина на колковите. Овој мал трик ќе ви помогне да изгледате пограциозно.

Внимателно со рацете

Понекогаш, добра идеја е да го допрете вашето лице на фотографија. Во овој случај, важно е да не ја насочувате вашата дланка кон камерата, туку таа да ги ги следи контурите на вашето лице.

Спуштете ги рамената

Спуштањето на рамената под одреден агол ќе направи вашиот врат да изгледа подолго и ќе ви даде целосно порелаксирано држење. Исто така, не ги кријте дланките. На втората слика подолу, рацете на моделот се близу нејзините лакти – ова изгледа многу подобро.

Свиткајте го коленото

Ако ве фотографираат од страна, не заборавајте да го свиткате вашето тело во форма на буквата ‘S’. Исто така, свиткајте го едното колено и спуштете ги рамената. Ова ќе направи да изгледате истовремено послабо и порелаксирано.

Благо навалете ја главата

Ќе изгледате подобро на секоја фотографија ако не гледате директно во камерата, туку го свртите телото малку подалеку од објективот. Исто така, ако ја навалите главата, ќе изгледа како да ја гледате камерата од подолу. Ова е едноставен трик кој ќе ви помогне многу за да ја направите совршената фотографија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber