Шкорпиите изневеруваат во соништата, Близнаците кај ќе стигнат, а вие?

popara28 март, 20151min00
5

Неверство со поглед
Погледите се често оружје на Јарецот и Ракот. Не е важно дали е заедно со девојката, тој секогаш има чувство дека некој го гледа па и тој сака да шара со погледот, за да види дали некој му фрлил око. А тогаш кога ќе го откријат изворот, шармантно ќе се насмевнат. Иако е вистински зависник од флертување, можеби сето тоа му е потребно за да си го подигне егото. Наместо да го критикувате и запаѓате во љубоморни испади, и самите вие искоментирајте “колку е згодна онаа девојка“. Тоа ќе го врати во реалноста.
Неверство во мислите
На секси фантазии се склони Бикот и Вагата. Тие ќе забележат згодна жена и веќе ја замислуваат во својот кревет. Заведување, страсни бакнежи и жежок секс, тоа се типични машки фантазии. Ние жените често знаеме да намирисаме кога тој фантазира за некоја друга, и веднаш почнуваме да се измачуваме со прашања дали повеќе не сме му привлечни или дали има друга. Без грижа, тоа што понекогаш фантазира за некоја друга не значи дека ве изневерува, ни дека истото го планира.
Неверство во соништата
Во соништата најчесто изневеруваат Вагата и Шкорпијата. Можеби воопшто не забележувате дека сонува секси соништа, но ако се буди со свежи сеќавања за сонот или пак зборува додека спие, веројатно имате јасен увид во неговата подсвест. Сите понекогаш имаме жешки соништа, независно од тоа дали сте сингл или во врска. не грижете се за соништата, бидејќи тие најчесто не се показател за нашите желби.
Порнографско неверство
Во порнографија најмногу уживаат Бикот и Водолија. Веројатно ве загрижува неговата опседнатост со згодни тела на жените од списанија, страсното разлистување на еротски списанија или гледање порнографска содржина, иако всушност тој не ве изневерува. Ве разбираме, но поголема опасност се крие во тоа што тој таквите содржини можеби ги проучува поради незадоволство во врската и сексуалниот живот. А тоа може да биде почеток на се и сешто.
Неверство со студенило
Ваква е ситуацијата со Овен, Стрелец и Рак. Вашиот однос е студен, иако тој можеби воопшто не ни мисли на други жени, ни пак со нив флертува. Сепак, работите се смениле, бакнежите станале рутина, а на страста речиси не се ни сеќавате. Заладувањето на односите и емоционалната недостапност во голема мера можат да водат кон реално неверство.
Неверство со зборови
На зборови најјаки се Лавот и Рибите. Кога некој би го слушал од страна би помислил дека е невиден женкар. Тој секогаш зборува дека долгите врски заситуваат и дека е природно мажот да шара наоколу. Сепак ова најчесто е пример за кучето кое лае но не каса. Тој со тоа сака да испадне мангуп во друштво, но неговите зборови дефинитивно се одраз на непочитување кон вас.
Реално неверство
На неверство најмногу се склони Близнаците и Девиците. Тој често создава атмосфера за да се стигне до конфликт и расправија. Веројатно се труди проблемите во врската подоцна да му послужат како оправдување за неверство. Овие мажи често се несигурни и со авантурите го задоволуваат своето его. Или едноставно посакуваат авантури и освојување нови трофеи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag