Ако и вие сте дел од групата корисници на android секој слободен момент искористете го за добра игра.
Angry birds
Мега популарната игра Angry birds може да ја играте и на вашиот мобилен телефон со android оперативен систем.
Bebbled
Ако сте биле зависник од нинтендо, Bebbled е совршена игра за вас. Секое ново топче треба да го подредите според неговата боја, а за таа цел ќе мора да го ротирате својот телефон.
Red Stone
За оние кои сакаат тешки игри Red Ston e најдоброто што можат да го изберат. Целта на играта е да направите влез доволно голем за низ него да помине големиот крал кој треба да стигне до црвениот квадрат.
Gem Miner
Игра која ќе ви овозможи да ги извежбате вашите менаџерски способности. Треба да најдете најдобар начин како да обезбедите што подобри мапи и алати, како и да го подбрите начинот на копање на овој рудар.
OpenSudoku
Ако сте љубители на судоку, OpenSudoku е игра по ваш вкус. Класичен судоку кој може да го решавате и преку мобилен.
Овие и многу други игри можете да ги најдете на Google Play.