
„С-400“ е најнапредниот руски систем за против-воздушна одбрана. Станува збор за унапредена верзија на „С-300“ кој веќе важи за најдобриот против-воздушен систем на светот.
„С-400“ располага со ракети од краток и среден дострел кои можат да соборат мети на растојание од дури 400 километри.
Системот е во состојба со леснотија да соборува авиони, како и балистички и крстосувачки ракети. Системот вклучува сет на радари, ракетни лансирни рампи и управувачки бази.
Руската армија во својата база во близина на Латакија веќе го донесе овој систем. Откако пред два дена турското воено воздухопловство собори руски бомбардер СУ-24, Русија одлучи значително да ги засили своите одбранбени капацитети во сириската провинција Латакија.
Откако беше потврдено дека на сирискиот брег се испраќа моќниот разурнувач „Москва“ кој има цел да ја уништи секоја потенцијална закана, рускиот министер Сергеј Шојгу утринава потврди дека базата ќе биде засилена и со напредниот против-воздушен систем „С-400“.
Погледнете ја неговата моќност на дело…
https://www.youtube.com/watch?v=Gj3qBV1ZTLo