Што може да ви се случи од многу гледање порно филмови?

popara7 јуни, 20151min00
11

Премногу гледање на порно филмови ја менува структурата на мозокот одговорна за активирање на чувството на среќа. Со текот на времето, пречестото гледање на филмовите за возрасни станува досадно и се развива потребата за пожестока порно содржина. Кокаинот и видео-игрите го имаат истиот ефект.

– Кај мажите кои често гледаат порнографски филмови, системот за наградување во мозокот е многу помал од оние кои тоа го прават ретко или никогаш – велат научниците во списанието „Јама психијатрија“.

Системот за наградување, всушност, е една група на нерви во мозокот, чија улога е да се контролира и регулира нашето однесување, и тоа преку активирањето на чувството на среќа.

– Просто кажано, кај овие мажи поради честите „среќни завршетоци“, чувството на среќа едноставно е истрошено – вели Симоне Кун, психолог од Научниот институт на Макс Планк во Берлин и една главните автори на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *