Постојат заеднички нешта во однесувањето кај луѓето родени во одредено годишно време, оваа теза ја покажало едно истражување кое е направено на 400 луѓе.
Родени во летните месеци
Личноста родена за време на лето се карактеризира со честа промена во однесувањето од тажна до исклучително среќна. Со други зборови, доброто време предизвикува добро расположение кај нив, а влошувањето на времето го влошува и нивното расположение исто така.
Родени во пролетните месеци
Лицата родени во пролетта се сметаат за исклучително позитивни и малку наивни. Секоја личност што ќе ја запознаат, за нив е најдобра пријателка или иден сопружник. Тие веруваат во вечна љубов, лојалност и фактот дека ќе биде се во ред.
Родени во зимските месеци
Родените во студените месеци не се вознемируваат лесно и не се нервираат ако заглават во сообраќаен метеж или кога се наоѓаат во друштво на деца што пискаат.
Родени во есенските месеци
Родените во есента се често емотивно флексибилни, многу лесно се прилагодуваат на одредени ситуации. На пример, ќе бидат тажни после прекинување на врска, но брзо ја преболуваат личноста и се посветуваат на барање на нов партнер.