Што прават жените, а што мажите по раскинувањето?

popara24 мај, 20151min00
9
По раскинувањето, жените имаат потреба своите најдлабоки чувства да ги споделат со пријателите и на тој начин да ја “симнат од душа” болката која ги мачи, додека мажите одбиваат да се соочат со чувствата.

Жените се заљубуваат по природа, додека мажите ретко го подаруваат своето срце. Тие тешко се отвораат, поради што потешко се носат со раскинувањето, тврдат психолозите.

Тие повеќе се “потпираат” на левата страна на мозокот која е задолжена за логично размислување, додека кај жените повеќе изразена е десната страна, одговорна за интуиција, чувства и изразување.

По раскинувањето, жените имаат потреба своите најдлабоки чувства да ги споделат со пријателите и семејството. Тие не ги чуваат работите во себе како што тоа го прават мажите. Во нив не се собира горчина, а болката исчезнува, поради што можат брзо да продолжат со животот.


За разлика од нив, мажите не ги делат своите емоции со другите. Тие најчесто ги потиснуваат во себе и се преправаат како сè да е во ред, истакнала Британката Трејси Кокс, сексуален терапевт.

Мажите се “затрупуваат во работа” за да не мислат на поранешната девојка, бараат утеха во алкохолот или во други жени. Тие ќе направат сè за да не се соочат со раскинувањето и болката која следува потоа. Искажувањето на чувствата за нив најчесто е знак на слабост и патетика, и се плашат да не испаднат “слабаци” пред своите пријатели.

По раскинувањето поранешните партнери се принудени да создаваат нов и самостоен живот. Жените во тие моменти повеќе се потпираат на пријателите, додека мажите се вртат кон со своите соло пријатели.


Тие најчесто ги избегнуваат заедничките пријатели во корист на самците, затоа им е тешко да слушаат дека на нивната поранешна девојка ѝ оди добро во животот.

Жените по раскинувањето често го променуваат својот изглед, фризура или стил на облекување, а самото тоа означува нов почеток. Новиот изглед ја крева самодовербата.

За разлика од нив, мажите патат во тишина, и тоа се одразува на нивниот изглед.

Заморот, исцрпеноста и непреспиените ноќи оставаат траги, тврди Кокс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag