Што се случува со клиторисот за време на женската ерекција

9 јануари, 20150
2

Кога мажите ќе се возбудат сексуално, тие добиваат ерекција и тоа е лесно да се забележи со само еден поглед кон пенисот. Она што им се случува на жените, пак, кога се возбудени е помалку очигледно, но е еднакво стимулативно.

Во моментот кога вашиот мозок ќе почувствува можна акција, крвните садови во пределот на вагината се шират, со што до таму стигнува зголемена количина на крв. Зголемената циркулација го зголемува вагиналниот секрет – природниот лубрикант сочинет од протеини и аминокиселини. Се активираат илјадници нервни завршетоци во најчувствителните делови на вагината.

Ткивото во клиторисот набабрува и се стврднува, како што се случува со машкиот полов орган во ерекција. Кога силно ќе се возбудите, клиторисот може да стане дури и три пати поголем. После одредено време се враќа во првобитната состојба, но додека не дојде до тоа, жените често имаат проблеми со мокрењето.

Грлото на матката омекнува, па со неговото триење со пенис или со сексуални играчки, нервните завршетоци праќаат сигнали со кои во мозокот се активираат центрите за задоволство.

Кај околу 10 проценти од жените за време на оргазмот се случуваат контракции, односно стегање на вагиналните мускули, заради што доаѓа до исфрлање на неколку капки чиста течност. Не грижете се, женската „ејакулација“ не е урина. Се состои од природни шеќери и киселини кои исто така може да се најдат во спермата. Можеби вам ќе ви падне чудно, но имајте на ум дека на вашиот партнер тоа ќе му биде многу секси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi