Јапонскиот производител ќе претстави на овогодинешниот саем за автомобили проектот наречен 2&4. Станува збор за спортски автомобил со погоден мотор кој се користи во Moto GP шампионатот.
Project 2&4 настанал во соработка помеѓу Хондовиот автомобилски и мотоциклистичен дизајнерски центар во Јапонија. Заедничкиот проект на овие два центри победиле на интерен дизајнерски натпревар кој Хонда го организирал помеѓу ссвоите студии за дизајн во целиот свет.
Од Јапонскиот производител рекле дека идејата била да се конструира возило кое ќе има маневарски особини како автомобил, додека возачот ќе чувствува слобода која може да ја обезбеди само мотор.
Инаку за разлика од тркачките мотори кои за погон го користат истиот агрегат 2&4, наменет е за возење по јавни патишта.
Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе има официјална презентација на овој модел.