Симона Попоска со уште една нова песна и фотосесија

popara6 јули, 20151min00
03

Иако сè уште е актуелна со неодамна објавената „Сакам сè“, која пристигна заедно со видео запис, Симона Попоска деновиве претстави уште една нова песна на македонски јазик. Во радискиот етер веќе можеме да ја слушнеме  темата насловена „Сè ќе помине“, чиј комплетен автор е диџејот и продуцент  Ерик Фокс и која е во ритам својствен за дуото (вокал клуб), додека текстот го напиша пејачката и текстописец  на многу хитови – Магдалена Цветковска.

Фотосесијата ја изработи нашиот познат фотограф Алекс  Јакимовски, во соработка со стилистот Бобан Тодоровски, а се снимаше рано наутро на изгрејсонце во околината на Скопје.

2

3

4