Сурово е злоупотребено моето име и мојата лична карта, со која се купувани картички и мобилни телефони. Се надевам дека полицијата брзо ќе реагира – рече Дара Бубамара.
Откако се објавени порно-фотографиите на кои Дара е снимена како се самозадоволува, пејачката вчера во полиција поднесе приватна тужба против личноста која како што тврди таа и ги украла овие скандалозни фотографии, а што е уште почудно Дара навела дека секс аферата и ја смислил нејзиниот кум!
– Дара во полицијата рекла дека нејзиниот кум, со кој од неодамна е во кавги, ја злоупотребил нејзината лична карта, со која купил број, како и мобилен телефон, а потоа со нив праќал порно фотографии и пораки. Таа наведе дека со кумот била неразделна долги години, заради и што имал пристап до нејзините лични податоци. Тој спорните фотографии, како што Дара кажача, си ги префрлил во друг телефон и ги праќал на различни броеви преставувајќи се како Дара. Таа рекла дека со тоа ја посрамотил и затоа го пријавила во полиција – наведува извор близок на пејачката.
И дара потврди дека го пријавила во полиција.
– Ги изнесов сите факти и детали и поднесов пријава. Сурово е злоупотребено моето име и мојата лична карта со која се купувани картички и мобилни телефони. Се надевам дека полицијата брзо ќе реагира – изјави Дара.