Пет природни маски за лице од јајца

22 декември, 20150
19

Освен што се одлични за појадок, јајцата можат да ви помогнат на едноставен и евтин начин да имате убава и здрава кожа.
Белките од јајцата, поради ефектот за зацврстување, се одлични за масна и кожа склона кон акни, а покрај тоа, тие можат и малку да го успорат стареењето – ги стеснуваат порите и ги затегнуваат малите брчки. Жолчките, пак, се идеални за сува кожа – содржат масти и холестерол кои ја хидрираат кожата, и ретинол кој ја подмладува кожата.

Маска од белка (за потечени очи, ситни брчки и големи пори)
Ако ве загрижуваат ситните брчки и потечените очи, маската од белки ќе ви помогне да ја затегнете кожата околу очите. Со прст нанесете тенок слој од белка од јајце околу очите, оставете да се исуши (15 минути), а потоа измијте со топла вода. За да се ослободите од прошираните пори, нанесете белка на било кој дел каде што ви потребно стеснување на порите, оставете да се исуши и измијте.

Маска од јајца и мед ( за сува и кожа склона кон акни)
Измешајте едно јајце со лажица мед, нанесете ја маската на лицето и оставете да отстои 15-20 минути. Оваа маска ги стеснува порите и ги елиминира бактериите, без да ја исуши кожата.

Маска од црвено вино ( за кожа во триесетите години)
Познато е дека црвеното вино е одличен антиоксиданс, но знаете ли дека тоа може да биде и одлична anti-age маска која ја затегнува кожата? Помешајте една белка, 45мл.црвено вино и малку мед, и ќе добиете маска која треба да ја држите на лицето 10 до 15 минути. На крај измијте со топла вода.

Маска од тиква и мед (за сите типови кожа)
Измешајте неколку лажици пире од тиква со шлаг од една белка (која ќе помогне да се стеснат порите и да се намали појавата на ситни брчки), една лажица јогурт (кој ќе направи одличен пилинг) и една лажица мед (кој има антибактериско својство и помага во борба против акни). Маската нанесете ја преку целото лице, избегнувајќи го пределот околу очите, а по 10 минути измијте со топла вода.

Хидратантна маска за коса (за сите типови коса)
Измешајте две јајца ( потребно е да бидат на собна температура) со две лажици кокосово масло и две лажици маслиново масло. Состојките добро измешајте ги и втријте ги во сувата коса. Покријте ја главата со капа за туширање и по десет минути измијте со шампон.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi