Поп ѕвездата Наташа Беквалац се омажила за својот партнер Љуба Јовановиќ. Дека венчавката била тајна, покажува и тоа што не присуствувале дури ни родителите на парот, како ни нивните блиски пријатели, туку само кумовите.
Наташа и Љуба се забавувале неколку месеци пред три години. После раскинувањето, секој тргнал по својот пат и почетокот на минатата година сватиле дека не можат еден без друг.
Пријателите на Наташа го карактеризираат Љуба како силен маж кој успешно се носи со проблемите кои ги подразбира нејзината работа, а од друга страна, како некој кој е доволно нежен и полн со разбирање да има совршен однос со нејзиниото семејство, сестри и ќерката Хана.