Антишпионски смартфон Blackphone 2 на швајцарската фирма Silent Circle (SC) е достапен во претпродажба.
Овој телефон е со посилни перформанси од својот претходник, кој ќе овозможи на корисниците безбедност и анонимност. Смартфонот треба да се појави на пазарот во септември, а цената сеуште не е објавена.
Blackphone 2 е направен за фирми и поединци, а и најмалата функција на него е обезбедена. Деловите, оперативниот систем и апликациите се одбрани за да се обезбеди анонимност и безбедност.
Како и кај другите телефони, така и Blackphone 2 овозможува телефонирање, СМС пораки, барање информации на интернет и навигација каде ќе овозможи анонимност со помош на шифрирање благодарејки на Виртуелната приватна мрежа – VPN (обезбедена мрежа).
Тој има осум јадрен процесор 1,2 GHz во архитектура од 64 бита и 3 GB рам меморија, екран од 5,5 инчи и камера од 13 мегапиксели.