Со полни усни до помлад изглед

popara25 ноември, 20151min00
5

Шминката е едно од главните адути со кои жените добро ги кријат своите години. А ако имате полни усни, тие ќе асоцираат на младост и живост. Брчките и белата коса се неизбежен дел од животот на секоја жена, но ако научите добро да се носите со тоа, можете да изгледате помладо од колку што навистина сте.

Полните усни се еден чекор кој ќе ви помогне во тоа. Во следното слајд шоу имате како до исцртување на полни усни и препорачани производи.

Започнете со молив за усни
Кога моливчето за усни ќе го искористите правилно, можете да направите чудо. Секогаш користете боја на молив слична на бојата на вашата усна или тоа нека биде неутрална боја. Без оглед која боја на кармин да ја одберете, па дури тоа и да биде црвена, никогаш не отстапувајте од неутралната боја како избор, затоа што не сакате линиите да биде премногу очигледни.

Одберете кармин во боја
Светлата нијанса на кармин може да направи вашите усни да изгледаат потенки, а вашите заби да изгледаат дека имаат жолта боја. Затоа одберете кармин во потемна нијанса или најдобар избор е црвената боја, тоа на вашето лице ќе му ја даде потребна свежина, а на вашите усни ќе додаде волумен.

Да ставите сјај или не?
Сјајот за усни не е најдобриот избор, ако сакате на вашите усни да додадете волумен. Па затоа одберете кармин со светки. Карминот ќе трае подолго и ќе ги исполни вашите усни, а тие ќе добијат на волумен. Па затоа сјајот за усни отстапете го на помладите генерации.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag