Заборавете на сувата коса! Овие трикови му го враќаат сјајот на вашиот изглед

25 ноември, 20150
4

Испуканите врвови на косата може да се ублажат а за да го постигнете тоа бидете упорни и внимателно да ги избирате препаратите за нега на косата и скалпот.

Но мора да бидете и свесни дека буквално ништо не се случува преку ноќ, па тоа што одредени препарати сте ги употребиле само неколку пати, не значи дека ќе направат вашата коса со сигурност да премине од сува во нормална.

Еве неколку совети како со помош на природни препарати да се изборите со овој проблем:

Јогурт и маслиново масло

Промешајте 1/4 шолја полномасен јогурт со лажица маслиново масло. Така добиената смеса нанесете ја на косата и оставете ја да делува 15 до 30 минути, а после тоа исперете ја косата како и вообичаено.

Жолчки и мед

Една жолчка измешајте ја со една лажица мед, нанесете ја на косата и оставете ја да отстои еден до два часа. Медот е познат по тоа дека ѝ ја враќа влажноста на косата.

Жолчките се преполни со протеини и аминокиселини со што го спречуваат исушувањето на косата и ја намалуваат нејзината кршливост. Комбинацијата од овие два производи ќе направи вашата коса да биде значајно посилна и посјајна.

Третман со топло кокосово масло

Во 1/4 шолја топло кокосово масло додадете неколку капки етерично масло од рузмарин. Мешавината нанесете ја на сува коса, а посебнo втријте на краевите на косата.

Потоа косата замотајте ја во пешкир и оставете маската да делува дваесетина мнути, а можете и подолго, бидејќи така ќе постигнете и подобри резултати.

Плакнење со јаболков оцет

Земете една супена лажица сушена коприва, една лажица жалфија и една лажица рузмарин прелијте со жешка превриена вода и оставете да отстои 10 минути. После тоа чајот процедете го и во него додадете две лажици јаболков оцет. Измиената коса исплакнете ја со добиената течност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi